Наградата „Бели мугри“ за млад автор до 35 години, што ја доделува Домот за култура „Кочо Рацин“ од Скопје, оваа година отиде во рацете на писателот Жарко Кујунџиски, за збирката поезија „Мојата Сузан повторно девојка“ .
Авторот на романите „Спектатор“, „Америка“, „Најдено-загубено“, како и драмите „Ендрју, љубов и други непогоди“, вешто се поигрува со слободата на литературниот израз и го докажува својот несомнен квалитет.