Македонската опера и балет повторно со балетската класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО” на П. И. Чајковски, на 30 октомври 2018 (вторник), со почеток во 20.00 часот.
Ода за моќта на љубовта! Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро” ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.
Во улогaта на Одета / Одилија ќе настапи Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата Принцот Зигфрид: Васил Чичијашвили (Грузија), како Ротбарт: Игор Веланоски.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент: Бисера Чадловска
Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
Информација, резервација и продажба на билети на Билетарницата на МОБ: 02 3118-451, или онлајн на: www.mob.mk