Конкурс за поетската награда „Даница Ручигај“

Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од септември 2021 година до крајот на септември 2022 година. Авторките и издавачите треба да достават по еден примерок во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 1 октомври 2022 година.

Доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.

You May Also Like