Концерт на Македонската филхармонија со Џијан Емин и Хуан Аткинс на 2 август во Антички театар во Охрид…
Македонската филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот музичар и диџеј Хуан Аткинс на 2 август во 22 часот во Античкиот театар во Охрид, ќе одржат концерт на електронска и класична музика.
– Имаме многу убав проект. Се надевам дека сите што ќе дојдат на концертот ќе уживаат во она што ќе го слушнат, додаде Емин на прес конференцијата по повод концертот.
Светски познатиот артист Аткинс рече дека додека имале проба го слушнал музичкиот аспект на тоа што тој го компонирал пред 20 години со електронски инструменти и кога слушнал како оркестарот на Филхармонијата тоа го свири, му се насолзиле очите.
– Успеав да го променам тоа што е најбитно во музиката и да го преточам во ноти за да можат музичарите да го отсвират, додаде Аткинс на пресот.
Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески рече дека на публиката ќе и дадат едно ново концертно уживање во Охрид.
Беше истакнато дека по завршувањето на концертот, на плажата Парк во Охрид ќе настапи диџеј Џеф Милс.