Изложбата Spaces of oblivion на Александра Перушевска во Мала станица

Изложбата Spaces of oblivion на уметницата Александра Петрушевска Ристовска денес ќе биде отворена во Националната Галерија, во Мултимедијалниот центар Мала станица, а истата ќе трае од 06.05.2021, па се до 01.06.2021.

Изложбата насловена „ Spaces of oblivion“ е резултат на подолготраен истражувачки процес започнат во 2017 година и претставува прво самостојно претставување на Петрушевска од 2013 година. Овој циклус се состои од шеесетина слики во различен формат, работени во техника акрил на платно, како и дигитални слики, работени врз фотографска предлошка. Заедничко за сликите од овој циклус е тоа што на нив се претставени ентериери, внатрешните простори на јавни институции, кои припаѓаат на модерната архитектура во Скопје, објекти изградени во 1970-тите години.

Александра Петрушевска Ристовска е ликовен уметник и педагог, живее и работи во Скопје. Самостојно изложува од 2005-та година. Во уметничката практика употребува традиционални и интердисциплинарни техники преку кои ја изразува визуелната и симболична трансформација на просторот. Ги истражува формите на внатрешните ентериери фокусирајќи се на деталите, контрастите и боите. Ристовска учествува на меѓународни и регионални проекти од областа на визуелните уметности и добитник на неколку меѓународни награди и резиденции во областа на културата и уметноста.

You May Also Like