„КАКО ШТО Е“ е наслов на најновиот ликовен проект на Антони Мазневски, кој ќе биде претствен на публиката во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, почнувајќи од вечерва.
Проектот првенствено го афирмира интересот за космичката интеракција но и можноста за реинтерпретација, демонстрација на метод и ракопис, животен пулс.
Целта на изложбата е да се презентира поновата, седумгодишна продукција на авторот пред јавноста, да се предочат истражувањата и усовршувањата во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации, да се упати или повика ДРУГИОТ на разговор.
Во согласност со безбедносните протоколи за заштита на јавното здравје, изложбата може да се посети на 28 октомври 2020 (среда), во периодот меѓу 19 – 21 часот.
Почнувајќи од 29 октомври (четврток), изложбата ќе може да се посети секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.