На денешен ден: Се одиграла Битката на Беласица

На денешен ден (29 јули 1014 година) во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на царот Самоил била поразена.

Била совладана од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој наредил околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај царот Самоил.

Потресен од глетката, царот Самоил умрел на 6 октомври 1014 година.

Четири години по неговата смрт, царството се распаднало.

You May Also Like