Господинот Бин (Mr. Bean), ликот на актерот Роуан Аткинсон, е еден од најпознатите карактери во светската комедија. Тој е себичен, анархист, чуден, интровертен човек кој секојдневните работи ги извршува на необичен, смешен и само нему типичен начин.
Живее во мала куќа во Хајбури, Лондон и секогаш е облечен исто (со црвена граватa и твид сако). Никогаш не може озбилно да сфати некоја работа и не ги познава аспектите на животот. На почетокот на секоја епизода од истоимената серија филмови во шпицата е пуштена музиката „Ecce homo qui est faba“ (Човекот кој е грав) и тогаш господин Бин паѓа од небото што сугерира дека тој е вонземјанин.
Со неговиот лик се снимени два долгометражни филмови: „Бин“ и „Одморот на Господин Бин“, една телевизиска серија (14 епизоди) и една анимирана телевизиска серија.
Погледнете го видеото со колаж од неговите најголеми лудории.