Во градот Варна (Бугарија), на 24. 8. 2024, во рамките на музичкиот фестивал „Чаики арт фестивал“ или во превод (Галеби арт фестивал), во „Галеријата 33“, покрај одржаната ликовна работилница, се отвори заедничка сликарско-скулпторска изложба на македонски и бугарски уметници.
На изложбата со свои дела (слики, скулптури и објекти) се претставија варненскиот скулптор, доцент Николај Нинов и македонските уметници, проф. Беди Ибрахим и Атанас Ботев.
Фестивалот е организиран од „Поетика фондацијата“ а финансиски е подржан од фондот за култура при општина Варна.
Целиот културен настан на кој учествуваа музичките бендови од Македонија („21 век“) и од Бугарија (Gigashadow, Pizza, Behind Bars и Сричка) беше беспрекорно организиран од страна на господинот Паскал Гонов.
Изложбата ќе трае до 30 август.