Оваа среда со почеток од 18:00 часот во паркот Васко Карангелески во Општина Аеродром ќе започне првото издание на АЈДЕ ФЕСТИВАЛ.
Музичката програма предвидува шаренолика приказна за да ги задоволи вкусовите како на помладата популација така и на повозрасните посетители, на сцената ќе ги видиме Диџеј Тина, Блек Хол Бенд, Рокенрол концерт на музичкото училиште Мјузик Лаб, настап на Раперот и јутубер Иван Ајнштајн, миленикот на младите Пајак и завршува со легендата на македонската рап музика Диџеј Гоце САФ.
АЈДЕ ФЕСТИВАЛ е инклузивен и хуманитарен фестивал каде заедно со здружението Во Мојот Свет ќе има работилница за децата со атипичен развој и изложба на младиот уметник Филип Циглењак Симоновски, како и низа Хуманитарни акции.
Исто така, ќе има и саем на млади и компании каде ќе може да се добијат информации за вработување и едукација.
Бидете дел од првото издание на АЈДЕ ФЕСТИВАЛ и се надеваме полека низ годините да прерасне во традиционален мултидисциплинарен фестивал препознатлив за Аеродром, Скопје и цела Македонија.