Прво издание на фестивалот АЈДЕ, кој ќе се случи на 4-ти септември во паркот „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром, со почеток од 18:00 часот.
Преку богата урбана, музичка и културна програма се придонесуваме за збогатување на културната содржина на Општина Аеродром и Град Скопје.
Воедно фестивалот предвидува и едукативен дел каде партнерите Хајделберг Факултет ќе придонесат за збогатување на содржината на фестивалот. Исто така од областа на едукацијата ги се и МЈУЗИК ЛАБ музичко училиште кои со своите ученици ќе оддржат рок концерт на главната сцена.
АЈДЕ ФЕСТИВАЛ планира да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании со локалното население за што предвидуваме штандови на кои граѓаните ќе можат да дојдат до информации за компаниите, како и за потенцијално вработување во истите.
Фестивалот е инклузивен и хуманитарен, во него учество ќе земат и здруженијата “ВО МОЈ СВЕТ” и АЦТ фондација и ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ .МК, но и Општина Аеродром кој безрезервно дадоа своја поддршка кон афирмација на овој уникатен фестивал.
Во понудата на фестивалот вклучено е и одлично домашно крафт пиво од Темов и колбаси како би понудиле на гостите едно поинакво гурманско доживување.