Mакедонски актер Тони Наумовски деновиве се појави во премиерата на двете едночинки “SAWBONES” и “THE DIAMOND EATER” напишани од два пати Тони номинираната дизајнерка и драматург Кери Робинс, и во режија на Еми номинираниот Тазвел Томпсон. Премиерата се одржи на 21 Мај во Арт Центарот “HERE” во Њујорк и ќе трае до 7 Јуни.
Станува збор за претстави кои се базирани врз вистинити настани, комеморирани во кратките разкази на RD Robbins, познат хирург од Њујорк, кој во текот на последните години од својот живот станува еден од најобјавуваните автори на кратки раскази.
Дејството во претставата “SAWBONES” се одвива во болицата “Field” во Вирџинија за време на Граѓанската Војна во 1862 година, додека дејствието во втората претстава “THE DIAMOND EATER”се одвива во германски логор во 1945 година. И двете дела го поставуваат прашањето за вредноста на човечкиот живот во војната и што се’ е човекот спремен да направи во екстремни ситуации.
За време на претставите ќе прозвучат оригиналните композиции на Скот Мунсон, вклучувајќи ја и мелодијата “Ani Ma’amin” (Верувам), испеана од еврејски затвореник во еден од логорите, интерпретирана според традиционалните еврејски принципи за текст, која ќе биде дел од едночинката “THE DIAMOND EATER”.
Ова е уште една од многуте претстави во кои нашиот реномиран актер Тони Наумовски игра улога на историски лик.