Концерт „Музичка белегзија“ на Танец

Денес, (петок, 29 јули 2011 година) со почерток во 20:30 часот на платото пред Домот на АРМ ќе се одржи концерт „Музичка белегзија“ на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“.

Програма:

Тешкото
Сценска адаптација: Дојчин Матевски
Музичка обработка: изворна
Ороводец: Трајче Петрушев

Женско чамче
Сценска адаптација: Снежана Балканска
Музичка обработка: изворна

Анушо бела црвена
Вокално-инструментална изведба
Вокален солист: Елена Трајчева

Шопска петорка
Сценска адаптација: Цветко Мицевски
Музичка обработка: Кочо Петровски

Што ми се нешто белее
Вокално-инструментална изведба
Машко вокално трио

Костадине мили сине
Вокално-инструментална изведба
Женско вокално трио

Малешевка
Сценска адаптација: Јовица Блажевски
Музичка обработка: Сашо Митев и Влатко Терзиски
Солисти: Весна Јовановска и Марјан Андоновски

Крстачка оро
Инструментална изведба
Музичка обработка: Милан Завков

Море да би знало
Вокално-инструментална изведба
Машко вокално трио

Лазаре, Лазаре
Вокално-инструментална изведба
Женско вокално трио

Драчевка
Сценска адаптација: Атанас Коларовски
Музичка обработка: Трајко Прокопиев

Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “Танец” е симбол на македонската култура и уметност . Тој веќе шест децении е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти на земјината топка, односно подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство, кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ.

Формиран во 1949 година (од страна на) и со Указ на Владата на Република Македонија, „Танец” ја остварува целта да го собира и негува македонското фолклорно богатство, орото, песната, интструментите, богатите оригинални носии и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други манифестации од областа на културата.

Првото претставување на „Танец” надвор од Македонија е на меѓународниот фестивал во Ланголен – Англија во 1950 година, каде Ансамблот добива прва награда. Овој настан останува запаметен како прв, но не и последен од ваков вид, а воедно е и потврда за успешно презентирање на македонското фолклорно богатство во и надвор од земјата со над 4500 концерти, фестивали и други културни настани, проследени со над осум милиони посетители.

За неговата успешност зборуваат и големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добиени по разни поводи, а меѓу кои: највисокото признание „Орден за залуги за Македонија”, Републичките награди „11 Октомври”, и „Климент Охридски”, како и наградат„13Ноември” на градот Скопје и многу други.

Како доказ за уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните натписи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и слично, каде се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија, меѓу кои: „Тешкото” како симбол на македонското оро, „Невестинско”, „Комитско”, „Чифте”, „Калајџиско”, „Тресеница”, „Осоговка”, „Драчевка” и други, кои се само дел од она со што располага „Танец”. Во својата благородна културна мисија, „Танец” е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората, каде ги посетува и почестува со голем број концерти во нивните матични земји.

 

You May Also Like