Изложба „Големото сино“ на уметницата Валентина Илијевска во Чуприја, Србија, кој ќе биде отворена на 25 јули, и ќе трае до 8 август.
Фортификација на сино+Омаж за тебе=Големото сино
Големото сино е име на изложба која сочинува склоп на две изложби на минијатури, Фортификација на сино и Омаж за тебе. Секоја од нив содржи по дваест и осум минијатурни дела, работени во различни техники.Фортификација на сино се одликува со минијатурни сликарски дела работени во акрилна техника на платно, додека пак во Омаж за тебе делата се од категоријата на цртеж изработени со молив и туш.
Минијатурите се поставени на обележана подлога, на секоја по четири, така што формираат еден т.н. бедем. Во самата внатрешност, која е формирана од самите дела, поставена е таа мала сина коцка (големината е наоѓа во малите работи). Ликовните елементите и принципите го креираат творечкиот опус во делата, каде што од длабочината на самите дела се издигнува на пиедестал синото присуство на квадратот. Преку тој симбол кој е сеприсутен во делата се истакнува човековата интуинтивност за прапочетоците на постоење. Сината обоеност на коцката е обејктивна присутност и потреба за остварување и потврдување на самата објективност.
Преку графичкиот јазик на делата се навлегува во метафизичкиот свет, барајќи ја суштината на човековите вредности. Амбиетот во делата е создаден преку композиција на асоцијативното и апстрактното. Движејќи се помеѓу границата на егзактното и аморфното обликување на просторот. Преку симболите на квадратот и коцката се внесува своерачен потпис и сензибилитет кој е препознатлив во делата.
Светот на квадратот кој е вечен и постојан се пренесува во коцката која е цврста и постојана, ко еден безконечен ланец на циркулирање на таа препознатлива енергија на уметничко остварување.
Изложбата Големото сино се роди минатата година во музеите на градот Кавадарци и Неготино. Оваа година идејата продолжува да се шири и надвор од нашите простори. Додека пак, поединечно изложбите беа реализирани низ различните делови од нашата држава, каде што воедно и беа инспирација за младата генерација.
Инспирација од изложбата „Омаж за тебе“ на уметницата Валентина Илијевска
Изложбата на уметницата Валентина Илијевска во Кочани беше инспирација на учениците од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ за создавање прекрасни дела по предметот Проекти од ликовна уметност.
Предизвикот беше двоен навлегување во тајните на апстракната уметност и ограниченоста на малиот формат. Учениците имаа потполна слобода во изразувањето. Како ликовен педагог бев фасцинирана од нивните ликовни идеи и индивидуален пристап. Најинтересен дел од процесот беше именувањето на нивните дела, дванаесетгодишни ученици успешно го препознаа значењето и емоцијата во своие минијатурни апстрактни цртежи. На изложбата во училиштето беа горди на своите дела и остро ги бранеа своите ликовни идеи пред публиката.
Јас како ликовен педагог уживав во работата и самата бев инспирирана од нивниот слободен ум и неограничени идеи.
Дипломиран ликовен уметник и педагог Марија Мицова Гацова.