IN MEMORIAM: Почина Зафир Хаџиманов

Денес (сабота, 27 март 2021 година), во Белград (Србија) почина македонскиот пејач, поет, композитор  Зафир Хаџиманов, на 77 годишна возраст, како последица од коронавирусот.

По таткова линија, Зафир Хаџиманов потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Подоцна, тој се запишал на фармацевтски факултет во Белград, но го напуштил и се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје, отсек музика, по што својот животен век го посветил на фолклористиката. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Слава му!

You May Also Like