Македонската опера и балет Ви ја најавува романтичарската опера „Хофманови приказни” на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта, во сабота (16 февруари) со почеток во 20.00 часот.
Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично.
Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни”, која била продуцирана во театарот „Одеон” во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.
Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен, Хофман се буди како од кошмар да сознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас…
„Хофманови приказни”, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научно-фантастичен контекст.
Диригент – Андреа Черта (Италија), режисер – Урсула Хорнер (Австрија), сценограф – Марија Ветероска, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго.
Во операта настапува бројна солистичка екипа:
Хофман: Рафаел Алварез (Мексико)
Никлаус: Николина Јаневска
Олимпија: Наде Талевска
Џулиета: Марија Наумовска
Антонија: Дашира Ахмети – Крлиу
Линдорф, Дапертуто: Андреа Ѕаупа (Италија)
Копелиус, Д-р. Миракл: Ернес Ибраимовски
Андрес: Дејан Стоев
Кошенил: Јане Дунимаглоски
Питикиначо: Дејан Стоев
Франц: Јане Дунимаглоски
Лутер: Диме Петров
Спаланцани: Зоран Данилов
Креспел: Владимир Саздовски
Глас: Катерина Бошковска
Шлемил: Невен Силјановски
Учествува хорот и оркестарот при МОБ.