„Кривопаланечко културно лето“ најавува богата културна програма

Организаторите на „Кривопаланечко културно лето 2018“, општина Крива Паланка, Локална установа Градски музеј и организацискиот одбор на „Џојфест“ најавија богата музичко-сценска програма деновиве и за време на празничните денови следната недела.

Директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски, вели дека годинава на задоволство и на гостите кои се очекува во голем број да ја посетат општината, но и на задоволство на Паланчани, во перидот од неколку дена ќе се одржат неколку концерти и фестивали.

Програмата започнува со 14-тиот Интернационален фолкорен фестивал Јоаким Осоговски кој ќе трае од 24 до 26 август, а ќе гостуваат фолклорни ансамбли и друштва од Македонија, Србија, Бугарија, Кирап, Турција, а на 25 кога е втора фестивалска вечер на фолклорот, ќе се одржи и рок-фестивалот „Џојфест“ со настап на групата „Рибја чорба“, а како предгрупи ќе настапат нашите локални РГБ-бенд и „Студени нозе“. На 27-ми август во чест на денот на рударите ја најавуваме Јелена Томашевиќ, а пред-бенд на овој концерт ќе настапат „Тајфата“ и Димитар.

На 28 август следат активности за одбележување на денот на рударите, Голема Богородица и патронот на градот, св.Јоаким Оосоговски.

You May Also Like