Денеска (понеделник, 5 ноември, 2012) во 20:00 часот започнуваат Деновите на бугарски филм во Кинотеката на Македонија.
Во ноември, секој понеделник ќе имате прилика да видите по еден современ бугарски филм. Деновите на бугарски филм 2012 во Скопје е резултат на одличната соработка која Кинотеката ја има со КИЦ на Република Бугарија во Република Македонија.
Денеска на програмата е „Љубовна мрежа (LOVE.NET)“ игран филм од 2012.
режија: Илијан Џевелков (Илиян Джевлеков)
сценарио: Илијан Џевелков, Матеј Константинов, Нели Димитрова(Илиян Джевлеков, Матей Константинов)
улоги: Христо Шопов, Захари Бахаров, Лилија Маравиља (Лилия Маравиля), Којна Русева (Койна Русева), Дијана Добрева
Дали постои љубов на прв виртуелен поглед? Интернетот не го менува само начинот на кој работиме, туку и начинот на кој љубиме и формираме врски. ЉУБОВ.НЕТ паралелно ги следи сториите на неколку ликови кои се обидуваат да ги сменат своите животи користејќи го интернетот или, пак, едноставно само сакаат да се забавуваат. Љубовта „онлајн“ може да биде вистинска или илузивна, прикриена или јавна, површна или со длабоки последици врз нечиј живот – во зависност од оној што седи зад тастатурата или пред камерата.