Изложба на карикатури во Прилеп

Вечерва (петок, 2 ноември 2012) со почеток од 19:00 часот во галеријата на НУЦК,,Марко Цепенков -Прилеп, ќе биде отворена изложба на карикатури од прилепските автори Драгољуб Драги Башески и Орде Стамболџиоски. Творците ќе сe претстават со по стотина карикатури изработени во изминативе години.

Драги Башески е долгогодишен новинар. Повеќе децении е поврзан со спортот, репортерството, но и со карикатурата.

Почнувајќи од 1958 година работел во повеќе медиуми. Пишувал за Радио Прилеп, Радио Скопје, Вечер, Остен, Коприва, Народен глас, Македонски спорт. Автор е на книгите,, Предадени,, ,,Родот Башески од Варош,, и ,,Перото на прилепските новинари,,. Добитник е на третоноемвриска награда на град Прилеп.

Орде Стамболџиоски години наназад слика икони, за кои вели дека го изразуваат духот на човекот и безграничноста на уметноста. Има реализирано три самостојни изложби во Прилеп, Битола и во Охрид, а учествувал и на групни. Напоредно се занимава со карикатурата. Има создадено бројни карикатури на различни теми, од кои дел ги објавувал во Народен глас.

You May Also Like