„Нешто ќе те питам бабо“ на Некст Тајм руши рекорди

Обработката на народната песна „Нешто ќе те питам бабо“ од страна на Некст тајм, после нецели два дена од промоцијата достигна речиси 300.000 посетители на јутуб.

Она што близнаците Мартин и Стефан Филиповски го прават во изминатите неколку години е полн погодок.

Обработките кои ги прават, заедно со одличите аранжмани на Никола Мицевски ja освоија пред се’ македонската, но и севкупната балканска публика.

Се започна пред четири години кога се појави првата обработка „Ја излези Ѓурѓо“ која ја освои публиката и когажа дека македонскиот фолклор одлично звучи и со рок призвук…

 

А продолжи пред нецели две години со „Слушам кај шумат шумите“, хит кој само ги зацврсти силно на сцената.

 

Секоја чест момци, ја најдовте формулата до срцата на слушателската публика. Аранжерското совршенство, кое Никола Мицевски го покажа работејќи со Каролина Гочева, со вас само го потврдува.

Македонската музика е нешто што мора да го негуваме и промовираме во светот. Таа е нашата „додадена вредност“.

You May Also Like