Конференција за социјално претприемништво

Центарот за институционален развој-ЦИРа ја организира Конференцијата  „Правна и фискална рамка за развој на социјалното претприемништво во Р. Македонија” која ќе се одржи во хотел ,,Холидеј Ин“ во Скопје денеска и утре (31 јануари и 1 февруари 2013 година) со почеток во 10 часот и 30 минути.

 

На отварањето (31 јануари) свои излагања ќе имаат  Министерот за труд и социјална политика г-н Спиро Ристовски и  Амбасадорот на Обединетото Кралство во Р. Македонија  Н.Е. г-н Кристофер Ивон, како и гости од Италија, Франција, Хрватска и Словенија кои ќе ги споделат нивните искуства, успешни приказни и препораки за развој на социјалното претприемништво.

You May Also Like