Најава за Акто 6 Битола

И оваа година ќе имате можност да бидете дел од Интернационалниот Фестивал за современи уметности АКТО. Шестото по ред издание на Фестивалот ќе се одржи од 11 – 14август во Битола.

Самиот фестивал опфаќа визуелни уметности, изведувачки уметности, музика и теорија на култура. Организатори на Фестивалот се уметничкиот директор Филип Јовановски и продуцентите Никола Димитровски, Александар Јовановски и Борче Димитровски . Фестивалот АКТО е дел од Битолското културно лето Битфест што пак е во организација на општината Битола и градоначалникот Владимир Талевски кој и овојпат го подржува Фестивалот технички, финансиски и логистички.

Како и досега и оваа година фестивалот ќе се презентира преку двете константи форми со кои се занимава, а тоа се темата и просторите. Целта на Акто Фестивалот е отварање на културните рамки на едно современо општество преку нивно ре-поставување и дефинирање во нов контекст. Шестото издание на Акто става особен акцент на визуелните уметности и музиката.

ПРОГРАМА

Оваа година на АКТО како дел од уметничката програма ќе има 30-тина еминентни учесници од Македонија, Италија, Хрватска, Бугарија и Србија, додека во музичкиот дел преку дваесет познати музичари од Македонија Србија и Канада.

АКТО за своја насловна тема ја избра РАБОТИ (НИКОГАШ) ! Како повод за темата е графитот што францускиот филозоф Ги Дебор го испиша на еден зид од улицата покрај Сена во Париз кој гласеше Ne После точно 58 години во Битола на улицата Солунска е испишан графитот (НИКОГАШ)!

Таа конциденција беше искористена како тема за овогодинешниот АКТО фестивал за современа уметност. Преку делата на овогодинешните уметници одново се прави обид да се преиспита поимот на работа и во емотивна и материјална смисла, како и негово значење во денешен современ контекст.

Провокативни и уникатни со својата уметност и делата кои ги презентираат насекаде низ светот оваа година на АКТО ќе настапат домашните уметници Игор Јосифов, Сузана Милевска, Игор Тошевски, Проект Зеро плус, Зоран Попоски,Драгана Заревска, Јасна Димитровска, Никола Узуновски, Филип Јовановски и Атанас Ботев, од Хрватска гостуваат контроверзните визуелни уметници Власта Делимар, Милан Божиќ, Немања Цвијановиќ travaillez jamais / РАБОТИ НИКОГАШ ! и Петра Ковачиќ, Иван Мудов од Бугарија, уметничката група DETEXT (Raul Martinez и Valentin Duceac),гостинот кој потекнува од Мексико а живее во Италија Gaston Ramirez Feltrin како и италијанските визулени уметници Alessandro Mancassola, Anja Puntari и Barbara Cesarini Basilico.

Во музичкиот дел на АКТО или таканаречената OFF програма пред публиката на денот на отварањето започнува со 20 години слободни канал 103 вечер, настап на ди џеите на канал 103, Millko и Sound Pollution, на 12 август ќе настапи светскит познатиот бенд од Канада Handsome Furs, домашните Т.Б. Трачери, Паркети, ХАХАХА и Молокаи, додека во сабота 13 август гостува познатиот диџеј од Србија Марко Милосавлевиќ и домашните диџеи K. Petrovsky, Saso Resid, Goran Tech иI Stojche,

ПРОСТОРИ

Основната идеја на Фестивалот е излегување на уметничките форми од стандардните за нив простори (галерии, музеи, театри) и новно поставување во нови (физички) простори.

Преместувањето на уметничките форми во нови простори доведува до трасформација на самото уметничко дело. Неконвенционалниот избор на простори каде се одржува Фестивалот што се правеше изминатите години продолжуваат и оваа година , со една новост. Дел од визуелните дела на уметниците ќе бидат изложени за време на свеченото отварање во автентичната зградата на Офицерскиот дом во Битола.

Таму ќе се формира Акто Павиљонот што ќе биде и епицентарот на АКТО 6 РАБОТИ (НИКОГАШ). Целокупната програма пак ќе се одржува во различни простори, како што е дворот на познатата битолска гимназија „Јосип Броз Тито“, автентичниот простор на планинскиот ресторан „Соколски“, старото напуштено кино „Македонија, старата куќа Ал Хамбра како и во дворот на Офицерскиот дом во Битола.

You May Also Like