Mакедонскиот фотограф Боро Рудиќ со прва награда во PhotоExpo во Стразбург

На овогодишниот PhotоExpo фестивал “Rendez-vous Image” на фотографии и книги кој традицонално се одржува во Стразбург, Франција, македонскиот фотограф Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво, за неговата фотомонографија EXIT.

Фотографиите во книгата се поделени во 4 целини: Влез (во град), Пораки (на градот), Излез и Финиш. Преку нив авторот го искажува својот став кон животот во современите градови, кој нè води кон отуѓување и укажува на потребата да се излезе од нив, во потрага по нешто подобро, што треба сами или, пак можеби, сите заедно да го откриеме.

Иако EXIT е приказна за градот, пред сè се однесува на животот и порачува дека не треба да се плашиме од промени, дека секогаш постои подобра алтернатива што треба само да ја побараме.

Фестивалот се одржа во период од 24 до 26 јануари во Конгресната палата во Стразбур, каде беа прикажани околу 800 фотографии и 44 фотокниги кои влегоа во финалната конкуренција, пред преку 3700 посетители. Прикажани се само делата кои поминале низ ригорозната селекција на овогодишниот Арт Директор Véronique de Viguerie.

You May Also Like