Претставата „Празен град“ по текст на Дејан Дуковски вечерва (27 јуни) во 21 часот во Универзалната сала ќе ја изведат двајца актери од Kелн, Германија. Режијата е на Томас Улрих, а претставата е во продукција на ансамблот Eine acting.Accomplices.
Во рамките на Скопското лето, вечерва во 21.30 часот, на плоштадот Македонија ќе биде поставена инсталација на Нина Нинеска со наслов „Дрво на животот“.
33-то Скопско културно лето традиционално е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје и годинава се до 31 јули ќе понуди околу 70 културни случувања на различни локации низ градот.