„Охридско сонце“ по шести пат

Меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Охридско сонце” стартуваше вчера (вторник, 21.08) со дефиле на фолкорните групи низ охридската чаршија.

Концертот започна од 19:30 часот на градскиот плоштад со настап на КУД Барнија од Полска. Фестивалот трае десет дена, од 20-ти до 30-ти август и е поделен во два дела- од 21-25-ти август и од 25-30-ти август. Во првиот термин  учество ќе земат вкупно десет фолкорни групи меѓу кои од Полска, Естонија, Латвија, БиХ, Словакија, Полска, Турција и Србија. Во наредните пет дена од вториот дел ќе настапат нови девет групи од цела Европа  меѓу кои и домашните ансамбли ,,Кочо Рацин” и ,,Скопје” од Скопје.

– Со овој веќе традиционален фестивал имаме за цел презентирање на мелосот и културите од  цела Европа, но и промовирање на нашата земја, посебно Охрид како наш најпознат туристички центар. Според нашите пресметки во  двата дела ќе земат учество вкупно 800 играорци кои ќе ги запознаеме со сите природни убавини кои ги посетува Охрид, и секако со тоа планираме да придонесеме за развој на туризмот. Може слободно да се каже дека учесниците во овој момент се во позиција на туристи, така што ако сите заедно ги прифатиме и им оставиме добар впечаток ке се пријават и наредната година како што е случај со поголем број од досегашните фолкорни групи кои  настапиле на фестивалот.- велат од организацискиот одбор.

Следниот концерт е најавен за 23-ти  со настап на учесниците од десетте фолклорни групи од  првиот дел, додека на 26ти и 28ми август  пред охридската и пошироката јавност со дефиле и концерт на градскиот плоштад ќе настапат учесниците од вториот дел меѓу кои и двата домашни ансамбли од Скопје.
Организатори на фестивалот се фолклорната асоцијација ,,Играорец” од Скопје во соработка со ансамблите ,,Македонка”  од Охрид и  ,,Скопје” од Скопје.

Ивана Чичоска

 

You May Also Like