Поетска манифестација „Скопска квечерина на струшките вечери на поезијата“ во Капиштец

Утре (среда,  22 август) со почеток од 18:30 часот на просторот помеѓу зградата бр.32 на улица Васил Ѓоргов и зградите бр. 2 и 4 на улица Рузвелтова кај трите расцветани дрвца, ќе се одржи традиционална поетска манифестација „Скопска квечерина на струшките вечери на поезијата“ со Мирче Нешовски низ sвезденото небо, а збогатена со уметници од естрадата и сликарството.

Членови на фестивалскиот одбор се: Горан Анчевски, Борис Нешовски,Томислав Лазаров, Поповски Живко – Цветин и Сашо Димитровски, а настанот е во организација на локалната урбана заедница „Невена Георгиева-Дуња, Здружението за култура, обичаи и традии „Гороцвет“, а со поддршка на Општина Центар и амбасадата на Словачка во Република Македонија.

You May Also Like