Вториот дел од циклусот насловен 200 години волшебен свет на браќата Грим започнува да се прикажува во Кинотеката на Македонија од денеска (11 мај, сабота) и ќе трае секој викенд (во сабота и недела) се до крајот на учебната година.
11 мај (сабота), 12:00 ч.
12 мај (недела), 12:00 ч.
Мачорот во чизми
(Der Gestiefelte Kater)
игран филм, Германија
2009, 58 мин., колор, ДВД
режија: Кристијан Тиде (Christian Theede)
сценарио: Дитер Бонгарц, Леони Бонгарц, според приказна на Јакоб и Вилхелм Грим (Dieter Bongartz, Leonie Bongartz, Jacob Grimm, Wilhelm Grimm,)
улоги: Роман Книшка, Јакоб Маченц, Јирген Тарак (Roman Knizka, Jacob Matschenz, Jürgen Tarrach)
Најстариот син на мелничарот во наследство ќе ја добие мелницата; средниот син ќе го добие магарето, а најмалиот син, Ханс, сè што ќе добие од својот татко е еден мачор. Разочаран, Ханс ќе се теши со идејата од мачорот да си направи топли крзнени ракавици, но мачорот ќе го убеди својот стопан да му го поштеди животот и да му купи црвени чизми. Така натокмен, мачорот со својата мудрост и итрина ќе стори сè што умее за да им го подобри животите на Ханс и неговите браќа. Ќе улови зајак во шумата и ќе му го однесе на кралот, како подарок. Следните неколку месеци постојано ќе му носи подароци и ќе ја добие наклоноста на кралот…
Проектот е реализиран во соработка со Гете институт, Алфа телевизија и Наше маало продукција.