„Жената – симбол и инспирација“ во Гевгелија

Во рамките на проектот „Гевгелија – Град на културата 2011 година“, денес (среда, 20 јули 2011 година) ќе се одржи  изложба „Жената – симбол и инспирација“, во организација на Домот на културата – Гевгелија, на која учество ќе земат вкупно шест уметници.

Дел од оваа екипа се: Симонида Филипова Китановска, Христина Зафировска, Афердита Кики, Љиндита Бекири, Марија Светиева, Дита Старова.

Изложбата е дел од „Патувачка изложба“, а ќе се одржи на 20 јули, со почеток во 21:00 часот во просториите на хотел Аполонија (галериски простор).

You May Also Like