„Големиот инквизитор“ на Питер Брук гостува во МНТ

Претставата „Големиот инквизитор“ во режија на еден од најпознатите современи светски режисери Питер Брук, а во изведба на актерот Брус Маерс, вечер (сабота, 7 јули) во 21 часот гостува во Македонскиот народен театар.

Претставата е работена по делото „Браќа Карамзаови“ на Достоевски.  Дејствието се одвива во Шпанија, во Севиља за време на најстрашниот период од Инквизицијата, кога секој ден беа палени пожари за слава на Бога и во тие пожари беа изгорени еретиците. Христос се враќа во светот на човекот. Во тој момент, кардиналот Гранд инквизитор го преминува плоштадот. Тој е стар човек, скоро деведесет, со збрчкано лице и пропаднати очи во кои светлината уште зрачи. Тој покажува со прст, наредувајќи им на стражарите да го фатат. Стражарите го зграпчуваат и го одведуваат во гробна тишина .
Потоа, како еден човек, толпата се поклонува до земјата пред стариот инквизитор, кој ги благословува без збор и си оди по својот пат. Затвореникот го одведуваат во темната стара палата на Светата служба и го затвораат во тесна ќелија во визбата.

„Големиот инквизитор“ вчера во Ресен го означи стартот на 10-то јубилејно издание на фестивалот „Актерот на Европа“.

You May Also Like