Бит Фест: вечер во знакот на театарот, поезијата и музиката

Денеска (сабота 07 јули) во рамките на Бит Фест продолжуваат театарските работилници со Шемал Амин и Нигар Хасан, а во 20 часот во Магаза ќе биде отворена изложбата на Кире Петков „Музички инструменти“. Вечерта продолжува во знакот на театарот, музиката и поезијата.

По изложбата во 21 часот во Магаза следува „Поетско – музичка вечер“ со Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ (поезија) и Мери Кафкалева Стоилкова (пијано).На програмат се дела од Бетовен, Моцарт, Шопен.

Театарската претстава “Без сенка” на Лалиш Театарлејбор во Виена/Австрија со и од: Нигар Хасиб и Шамал Амин ќе биде изведена вечер во Завод и музеј во 20.00 часот

Меѓународно успешната претстава “Без сенка” беше изведена со голем успех во 20 меѓународни театарски фестивали во Австрија, Грција, Египет, Јордан, Полска, Украина, Босна Херцеговина, Косово, Бугарија, Мароко, Италија и Јапонија, и доби наградата за најдобар глас и пеење во претставата. Претставата беше опишана од критичарите како патување од постанокот до сегашноста, како една ритуална, сензуална, поетска и визуелна претстава, со многу посебна гласовна техника и јазикот на телото.

You May Also Like