„Балкански културни средби“ во Музејот на град Скопје

В понеделник (9 јули) со почеток во 20:00 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба на дела од ликовен хепенинг на уметници од Македонија и Турција.

Изложбата „Балкански културни средби“ ја организраат општина Тепеџик од Турција и НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, а со поддршка нa Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like