Неодамна излезе од печат најновото издание на списанието „СТРИП КРЕАТОР“ (двоброј 13/14 ). И во ова последно издание се објавуваат стрипови од последниот традиционален 9-ти Интернационален салон на заедно со македонски автори.
Ова е списание во кое своите први стрипови ги имаат објавено сега веќе афирмирани стрип автори од нашата земја . Списание е помогнато од страна на Министерството за култура на Република Македонија.
Според Ване Трајков –извршен директор на Стрип центар на Македонија-Велес подготовките за овогодинешниот јубилен 10-по ред Салон на стрип течат со задоволувачка динамика:
– Многу сме задололни, пред се од одзивот кон објавениот меѓународен стрип конкурс каде веќе се имаат пријавено доста домашни и страски автори од сите генерации.Впрочем целта на овоиј салон еа македонска стрип сцена да се доближи до странската.Ефектите се видливи, досега како гости на нашиот салон биле организаторите на стрип фестивали од регионот;фестивалот во Лесковац , фестивалот ЦРШ Загреб, фестивалот во Белград
…Посебно за обележување беше ланскиот салон кадешто наши гости беа Џамал Игл од издавачката куќа„ДЦ Комикс“ како иа Кан Такахама од Јапонија и Фрида Бунзли од Швајцарија, коишто преку наше посредство учествуваа и на Стрип фестивалот во Призрен,Косово. Гости на ланскиот салон беа Ивица Сретеновиќ од Србија, Гани Сундури од Косово и младата Герта Опараку од неафирмираната стрип сцена на Албанија.
Радува податокот декана последниот Салон, освен поафирмирани, присуствуваа и доста помалку афирмирани стрип творци од Македонија.Големиот импулс како меѓу младите од Велес и други градови, солидниот медиумски публицитет создаде голем интерес за стрип и дополнителна обврска за нас како асоцијација. Таа обврска ке ја исполниме – вели Трајков.