Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ќе гостува во Скопје

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург со претставата „Заспаната убавица“ на Чајковски на 1 декември ќе гостува во Македонската опера и балет.

Рускиот Државен балет на мраз за првпат гостуваше во Скопје пред две години со „Лебедово езеро” на Чајковски и во МОБ изведе вкупно четири претстави, а минатата година гостуваше и со балетот на мраз „Оревокршачка”.

Билетите за „Заспаната убавица” ќе бидат пуштени во продажба од вторник, 25 септември

You May Also Like