Дневникот на лудиот во Театар „Сенки и облаци“

Во петок на 29.03 ќе се случи шестата изведба на монодрамата Дневникот на лудиот од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, a во изведба на Бобан Алексоски.

Претставата по две години повторно се враќа во живот, припаѓа на независна продукција, но овојпат благодарение на Театарот на сенки – Сенки и Облаци во Дебар Маало, ќе се игра на репертоар кај нив. На деветти април претставата ќе игра во официјална селекција на Фестивалот Лица без маски во Скопје.

Инаку претставата во 2017 година во Тирана, Албанија на БАТТИФ2 се закити со награда за најдобра актерска игра за Бобан Алексоски и најдобра режија на Фестивалот за Ѓорѓи Ризески.

————————————————–

Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее. Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината? Дали?! „Дневникот на лудиот” e провокативен текст, кој иако напишан во 1835год. е сеуште ужасно актуелен. Гогољ сака на некој начин да не’ разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент – трката во која живееме.

Бројот на местата е ограничен.

Претставата е поставена за строго ограничен број на публика, затоа што концептот е близок и се занимава со мислењето на гледачот, преку разни решенија во однос на интерактивност. Всушност сцената на претставата е домот на Аксентие, главниот лик.

„Дневникот на лудиот” од Гогољ, зборува за проблемот на човекот внатре во себе и како нас во таа дилема или дискусија со себе не прифаќа општеството.

актер: БОБАН АЛЕКСОСКИ режија: ЃОРЃИ РИЗЕСКИ 50мин. / 16+ год. / македонски

https://www.youtube.com/watch?v=nOFsYvtqDoU&t=47s

You May Also Like