Аргентинското ремек-дело „Беспаќе“ на македонски јазик

Романот „Беспаќе“ од Еухенио Камбасерес, којшто се смета за ремек-дело во аргентинската литература, деновиве го објави книгоиздателството Бегемот, во превод на Борјана Мојсовска.

„Беспаќе“ е најдобриот роман на Камбасерес, кој авторот го нарекол студија. Насловот во целост одговара на животниот став на Андрес, протагонистот, кој е апатичен, пропаднат, болен од песимизам и досада. Нараторот инсистира низ целото дело дека однесувањето на Андрес е однесување на ментално болен човек.

– „Беспаќе“ се впишува во големата традиција што ја спротивставува урбаната наспроти руралната култура. Моралот и судбината на човекот се едни од основните нишки коишто Камбасерес ги ткае преку комплексниот лик на Андрес. Кога веќе се чини дека животот на Андрес тргнува по добар пат, сепак, судбината одлучува да биде немилосрдна кон него и кон неговото најмило, наведува издавачот.

You May Also Like