Ѓорѓе Јовановиќ е победник на Биеналето на млади уметници

Ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ за делото „Каде плови овој брод?“ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело, презентирано на 10. Биенале на млади уметници, што беше отворено на 9 Мај – Денот на Европа.

Оваа награда третпат ја доделува Музејот на современата уметност Скопје. Годинава темата беше „Солидарност, 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје“. Наградата е самостојна изложба.

Јовановиќ (Скопје, 1980), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, сликарски отсек (2003). Самостојно изложувал во Скопје (2006, 2007, 2008), Белград (2008), Њујорк (2010) и Грац (2010). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство.

You May Also Like