(фото) Ацо Таневски се претстави пред софиската публика

Вечерва (понеделник, 29 октомври) во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, се отвори изложбата „Приказни од детството“ на македонскиот уметник, Ацо Таневски.

Пред бројната публика покрај Таневски, се обратија и директорот на КИЦ-Софија, Васко Шутаров, како и директорката на Националната галерија на Македонија, Халиде Палоши.

Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија, а потпомогната од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Кустос на истата е Горанчо Ѓорѓиевски, а ќе биде достапна за софиската публика до 15 ноември.

 

You May Also Like