Со проекцијата на „Невозможна мисија 4“, вечер (четврток, 12 јули) во 21:00 часот започнува традиционалното Нес-кафе кино во Забавниот парк „Луна“. Љубителите на филмот се до 21 јули, под отворено небо ќе можат да проследат уште 9 филмски хита кои ги полнеа кино-салите низ светот.
Акцискиот трилер „Невозможна мисија 4: Дух протокол“ (MISSION: IMPOSSIBLE – GHOST PROTOCOL) трае 133 минути. Режијата е на Бред Бирд, а улогите ги толкуваат: Том Круз, Џереми Ренер, Пола Петон, Сајмон Пег.
Филмот имаше 6 номинации за наградите на Американската академија на научно-фантастични и хорор филмови и 2 номинации за филмските награди на музичкиот канал Ем-Ти-Ви.
На репертоарот на летното кино во рамките на Скопско лето 2012 ќе се најдат и: „Што да очекуваш кога очекуваш“, „Мачорот во чизми“, „Трансформери 3“, „Хари Потер 2“, „Парада“, „Предавство“, „Капетан Америка“, „Кунг Фу Панда 2“, и „Бесмртници“.