Филмскиот фонд потпиша договор со Џифони фестивалот за деца

Вчера (30 мај) се одржа прес конференција по повод потпишувањето на тригодишна спогодба помеѓу Филмскиот Фонд на Република Македонија и најголемиот филмски фестивал за деца и млади во Европа „Giffoni Experience“ – Италија со која беше дефинирана взаемната соработка и активностите кои ќе бидат реализирани во периодот што следи.

“Џифони филм фестивал” е основан како Меѓународен филмски фестивал за деца и млади, и со својата 43-годишна традиција е своевиден бренд на Р. Италија и италијанската култура.  Согледувајќи го интузијазмот, професионалноста и поддршката која ја даваат сите  институции, како и довербата која тој ја стекнал во Филмскиот фонд, г-динот Клаудио Губитози, директорот на “Џифони филм фестивал” одлучи брендот “Џифони” за прв пат да го довери бесплатно на Р.Македонија, со одговорност на Филмскиот фонд да се грижи за правилна и успешна презентација и реализација на целиот концепт.

Првото издание на “Џифони Македонија”  ќе се оддржи во периодот од 20-27 Октомври 2013 год.

You May Also Like