Турската „Антигона“ најдобра претстава на „Стоби“

Претставата „Антигона“ во изведба на Националниот театар од Истанбул ја доби наградата за најдобра претстава на годинашниот фестивал на античка драма „Стоби“, кој заврши во саботата.

Кенан Ишик режисерот на „Антигона“ ја понесе и наградата за најдобра режија. Наградата за најдобра машка улога му припадна на Бранко Штурбај, за улогата на Ефклион во претставата „Алуларија“ на Хрватскиот народен театар од Вараждин. Јулијана Мирчевска ја доби наградата за најдобра женска улога за Медеја, во истоимената претстава на Народниот театар од Битола.

За наградите одлучуваше тричленото жири во состав: Сетинел Томрис, Слободанка Чичевска и Јордан Витанов.

You May Also Like