Вечер (понеделник, 30 јули) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, „Театар 199“ од Софија ќе ја изведе претставата „Човекот перница“ работена по текст на Mартин Mекдонах, во режија на Јавор Грдев.
„Човекот перница“ во 2004 година ја доби наградата „Лоренс Оливие“ за најдобар театарски текст.
Животот на ликовите е опфатен во серија на криви огледала (како нејасна граница меѓу реалноста и фикцијата) и го поставува прашањето за насилството врз децата, на државата во врска со нејзините граѓани и насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет.
Во претставата на Јавор Грдев и „Театар 199“ настапуваат: Пенко Господинов, Михаил Мутафов, Стојан Радев и Јован-Мика Димитров.