Промовирани првите книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Вчера (недела, 29 јули), во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ беа промовирани првите 55 изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.

„Ѕвездите на светската книжевност“ се категоризирани во шест различни категории: источна книжевност, стара грчка и  римска книжевност, среден век, ренесанса, барок и класицизам,  предромантизам, романтизам и реализам, модерна книжевност (20-ти век) и дела од додатокот на Проектната програма.
Проектот се реализираше во четири буџетски години, а опфаќа издавање и печатење 560 литературни дела од сите жанрови.

На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и академик Митко Маџунков, претседател на комисијата што ја конципираше проектната програма за оваа едиција.

You May Also Like