Денеска, (четврток, 20 септември, 2012 година) редовниот термин од 10:00 часот во Прес-центарот при Центарот за култура во Битола, ќе биде одржана конференција со В.д. директорот на Вардар филм, Лепа Менкова.
Гостин на прес-конференцијата ќе биде режисерот Олмо Омерзу на филмот „Прилично млада ноќ“ од програмата „Нови визии“, а модератор е Сунчица Уневска.
Од документарната програма ќе присуствуваат двајца гости и тоа режисерката Хана Хемила и продуцентот Мајкл Тревис од филмот „Пааво“. Модератор на овој дел од прес конференцијата е Гена Теодосиевска.
Во текот на денешниот ден ќе биде одржана и Првата балканска конференција на директори на фотографија, организирана со ИМАГО – Европската федерација на кинематографери, почнувајќи од 100:0 часот во хотел Епинал.
Од 13.30 часот пак, во Малата сала на Центарот за култура, заедно со списанието Капитал, фестивалот „Браќа Манаки“ организира тркалезна маса на тема „Како до повеќе и поголеми спонзорства во културата?“.