На денешен ден: Роден е Владо Јовановски

На денешен ден (27 февруари 1967) во Пропиштип е роден Владо Јовановски – македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.

За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на македонските телевизии, беше финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне македонскиот туризам.

Позначајни филмови: „Ослободување на Скопје“ (2016), „Лазар“ (2015), „Деца на сонцето“ (2014), „Соба со пијано“ (2013), „Трето полувреме“ (2012), „Бал-кан-кан“(2005), „Големата вода“ (2004), „Прашина“ (2001)…

You May Also Like