Македонската карикатура полека го враќа својот сјај, а ОСТЕН покрај организацијата на „38-та Светска галерија на уметноста на хартија – Карикатура 2010“ од оваа година го обновува организирањето на годишна изложба на македонска карикатура.
Жирито во состав: Павле Кузмановски – Претседател и членовите: Мице Јaнкуловски, Вања Урошевиќ, Емилија Џуровска и Мирослав Георгијевски, ги додели следните награди:
Добитник на првата награда е Драган Поповски, како и четири рамноправни награди на Миодраг Курјак, Блаже Докулески, Миле Манчевски Златко Крстевски . Отворањето на изложбата е денес во 12,00 часот во просториите на ОСТЕН галерија. Изложбата ќе трае до крајот на јануари 2011 година.