Mинистерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (петок, 13.7.2012 година) во 12 часот во просториите на Националната установа „Охридско лето“ во Охрид, на уметничкиот директор на еден од највлијателните театри во Руската Федерација, престижниот Државен академски драмски театар „Вера Фјодоровна Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, Виктор Новиков, ќе му врачи специјално признание „Пријател на Македонија“ за особен придонес во унапредувањето на македонско–руските културни врски.