Скопско лето: Концерт „Ариан и пријателите – unpluged“

Вечерва (петок, 6 јули) со почеток во 21 часот во Куршумли Ан концерт ќе одржи Ариан Крлиу, а на него како гости ќе настапат неколку еминентни музичари. Концертот Скопско лето го организира во соработка со КИЦ и Општина Чаир.

Ариан Крлиу е роден во Дебар. Општо образование стекнал во Скопје, а уште од најраното детство се занимава со музицирање на гитара. Најзначаен период од неговата кариера е неговиот престој во Америка каде што музички созрева студирајќи на New York City University. Со својот бенд Funky Family настапува во многу земји низ светот, како и низ некогашна Југославија.

You May Also Like