Градскиот црковен хор „Св.Благовештение“ пред прилепската публика

Духовен рецитал на православна литургиска музика утре вечер (недела, 11 ноември 2012 година) со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а ќе настапи градскиот црковен хор „Св.Благовештение“ под диригенство на м-р Гоце Секулоски.

На програмата се дела од Атанас Бадев, Алфеев, Обиходно, Теофаново, Стефан Мокрањац, Гоце Секулоски, К.Македонски и други.

Податоци за хорот:

Хорот „Св.Благовештение“ е формиран во 2000 година од музичкиот педагог Илија Јанчулески. Ја негува македонската духовна традиција, при што покрај дела од прилепскиот композитор Атанас Бадев, обработува композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји.

Хорот досега учествувал на повеќе манифестации и фестивали каде успешно ја презентира духовната традиција на Прилеп. Најзначајни се фестивалот „ТЕ -ХО“ во Тетово и манифестацијата „Јустинијан Први“ во Скопје. Редовно учествува на Светите и Божествени литургии во двата прилеспки храма Свето Благовештение и Св.Кирил и Методиј, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната служба.

Податоци за диригентот:

Диригентот Гоце Секулоски дипломирал на ФМУ во Скопје во класата на проф. д-р Благој Ангеловски. Бил соработник на Македонската филхармонија. Придружен член е на Сојзуот на музички уметници на Македонија. Настапувал на бројни концерти и фестивали во земјата и во балканските држави.

Има издадено три музички дискови („Литургиски Химни“, „Статии за Велики петок“ со хорот на Македонската Богословија и „Света литургија“) како и две псалтикијни  изданија. Автор е и на „Втората македонска литургија“ која во универзитетот Архус е вклучена во редот на светското музичко наследство. Композитор е и на симфониската „Фанфара Херонеја“. Добитник е на награда Трети ноември на град Прилеп за достигнувања во областа на духовното музичко наследство на Македонија.

You May Also Like