Денешна филмска ФИАФ програма

Денеска (четврток, 8 мај) во Кинотеката на Македонија, во рамките на 70-иот Конгрес на ФИАФ, ќе бидат прикажани следниве филмови:

8 мај,

четврток

18.30

ЈУГОСЛАВИЈА СПОРЕД ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ 1914-1918

Југословенска кинотека, Белград (Jugoslovenska kinoteka, Belgrade)

блуреј/ Србија/ 1988/ црно-бел/ 86 мин.

режија: Миомир Мики Стаменковиќ

Преку комбинирање на богат архивски материјал, фотографии и документи создадена е филмска фреска за борбата на српскиот и другите народи на поранешната Југославија за ослободување од окупаторите и конечно обединување во заедничка држава. Почнувајќи од причините за војната, првите борби и победи, распадот на државата, како и голготата низ Албанија од 1915 г., преку воскреснувањето на војската на Крф и борбата на Солунскиот фронт за враќање на родната грутка, овој филм ја сублимира целата епопеја на крвавите години 1914 – 1918. Од друга страна, во него се објаснуваат задкулисните дејствија во врска со создавањето на југословенската држава, неискреноста и непринципиелноста на сојузниците кон измачената и од војната уништена Србија, како и несогласувањата на главните чинители во земјата и странство во врска со уредувањето на новата држава изнедрена од пепелта на огромните жртви од Првата светска војна.

8 мај,

четврток

20.00

ЕВРОПСКИОТ ФИЛМ

И ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Европски филмски портал 1914 (European Film Gateway 1914)

ДКП/ неми филмови/ 75 мин.

Во последниве две години, 21 европски филмски архиви дигитализираа филмови и слични материјали од и за Првата светска војна во рамките на проектот финансиран од Европската унија: „Европски филмски портал 1914“ (“European Film Gateway 1914”). Над 700 часови подвижни слики и повеќе од 5.000 фотографии и текстови сега се отворени за јавноста на веб страната www.europeanfi lmgateway. eu/1914. Оваа програма за прикажување нуди пресек на европските филмски продукции од времето на Првата светска војна преку нагласување на играни и не- играни филмови од различни години на војната како и од различни држави.

МИЛА ТАТКОВИНО, БИДИ МИ МИРНА (LIEB VATERLAND, MAGST RUHIG SEIN)/

Филмски архив на Германија / 1914/ 5:30 мин./ АФРИКАНСКИТЕ ЗУАВИ ВО

БЕЛГИСКАТА ФЛАНДРИЈА (ZOUAVES D’AFRIQUE DANS LES FLANDRES BELGES)/

Германски филмски институт – DIF/ 1915/ 05:46 мин./ КАЈ ШТИПАВЕЦОТ КРАЈ

ВАРДАР (DANS LES AJONCS DU VARDAR)/ Филмски институт „Око“ (“EYE”) –

Холандија/ 1916/ 4 мин./ РОВОВИТЕ НА НАШАТА ТАТКОВИНА (DER HEIMAT

SCHUTZENGRABEN)/ Кинотека на Германија – Музеј за филм и телевизија/ 1916/

8 мин./ АКЦИЈА НА КРАЛСКАТА МОРНАРИЦА ВО ТРСТЈАНСКИОТ ЗАЛИВ (AZIONE

DELLA REGIA MARINA NEL GOLFO DI TRIESTE)/ Фондација на кинотеката на

Италија/ 1917/ 3:11 мин./ КИНОНЕДЕЛА БР. 22/ Австриски филмски музеј/

режија: Ѕига Вертов/ 1918/ 10:30 мин./ РАЦИЈА НА ГРАНИЦАТА/ МАНДА – Унгарски

дигитален архив/ 1918/ 7 мин./ TABLEAUX VIVANTS 1914-1918/ Кралска кинотека

на Белгија/ 1918/ 8:02 мин./ УДЕЛОТ НА ЖЕНИТЕ/ Империјален воен музеј/ улоги:

Сем Ливси, Мери Форбс/ 1918/ 22:47 мин.

8 мај,

четврток

21.30

СНИМАЈЌИ ЈА „БЕЛАТА ВОЈНА“

Филмски архив – Австрија, Виена (Filmarchiv Austria, Vienna)

35мм (18 фр/сек)/ неми филмови/ 84,2 мин.

За време на Првата светска војна алпските Доломити беа местото каде што жестоко се бореа италијанските и австро-унгарските единици. Со оглед на тоа што фронтот се наоѓал на висина од 6.500 стапки (над 1.980 метри) требало да се развие сосема нов вид војување. Така се создал „фронтот помеѓу карпи и мраз“ и климата била најголем непријател. Температурите под 30° целзиусови и лавините земале повеќе жртви од самата борба. Италијанците и Австријците се бореле на овие ридови повеќе од три години, но освен некои минимални територијални придобивки и поместувања, ништо друго се нема изменето. Убавината на пејзажот не привлекувала само туристи, туку и најголемата филмска продуцентска компанија пред 1914 г. „Саша филм“. Имајќи го монополот на Австриската филмска пропаганда, тие ја покривале „Белата војна“ со префинета мајсторија. Нивните естетски слики – засилени со тонирање и тинтирање – го извртуваат ужасот на денес најзаборавениот фронт.

ВОЈНА НА ПОЗИЦИИ, СЛИКИ ОД ДИВИЗИЈАТА „КАЈЗЕРЈЕГЕР”/ 1917/ 28,3 мин./ фул фрејм, колор (тинтиран и тониран)/ ЕДНО ВОЗЕЊЕ СО ЖИЧАРНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ АЛПСКИ ФРОНТ/ 1917/ 5,9 мин./ фул фрејм, колор (тинтиран и тониран)/ ПОСЕТАТА НА ФЕЛДМАРШАЛОТ КОНРАД ФОН ХЕЦЕНДОРФ НА ЕДИНИЦИТЕ ВО ВАЛ ДИ ФИЕМЕ/ 1917/ 17,1 мин./ фул фрејм, колор (тинтиран и тониран)/ ХЕРОЈСКА БОРБА НА СНЕГ И МРАЗ/ 1917/ 32,9 мин./ 35мм, фул фрејм, оригинално тинтиран и тониран.

8 мај,

четврток

23.00

ПРЕД МНОГУ ВОЈНИ/СПРОТИВСТАВЕНИ ЛУЃЕ

Национален филмски музеј, Торино (Museo Nazionale del Cinema, Torino) 35мм/ Италија, Југославија/ 1970/ колор/ 101 мин.

режија: Франческо Рози/ сценарио: Рафаеле Ла Каприја, Франческо

Рози, Тонино Гвера/ улоги: Марк Фрешет, Ален Кини, Џанмарија Волонте,

Џампјеро Албертини

За време на Првата светска војна, по освојувањето на стратешки значаен планински врв со оставање на три илјади жртви зад себе, војската на генерал Леоне добива наредба да си замине. Потоа наредбата е сменета: важно е врвот повторно да се освои. Меѓутоа, Австријците на него се цврсто утврдени и жестоко го бранат со два митралеза. Залудни напади, незаштитени со артилерија ги следат обете страни предизвикувајќи колеж помеѓу напаѓачите. Изморени од фактот што се испратени на масакр од буделест генерал со вжештена глава, некои од војниците стапуваат во протест: за возврат генерал Леоне наредува да бидат казнети. Принудени да убијат или да бидат убени од луѓе како нив, жртви од истиот монструозен механизам, италијанските војници, главно поранешни селани, ја ставаат својата доверба во рацете на неколку офицери, како поручниците Отоленги и Сасу, кои пресудуваат дека и другите војни се непотребно крвопролевање. Но првиот умира во обид да го спречи масакрот на своите луѓе, додека Сасу е изведен пред стрелачки вод заради одбивање на неправедна наредба на еден од своите претпоставени.

Заштитата и реставрацијата на филмот беше извршена во 2008 г. од Националниот филмски архив во Рим и од Националниот филмски музеј во Торино во соработка со „Минерва раровидео“.

Процесот е извршен во ЛВР Видео лабораторијата во Рим.

You May Also Like