Изложба и концерт на Прилепското културно лето

Прилеп: Изложба и концерт на Прилепското културно лето во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ …

Во рамките на Прилепското културно лето вечер во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде поставена инсталацијата насловена „Бос по трње“ од прилепскиот уметник Атанас Атанасоски. Инсталацијата е изработена од вегетација.

Атанасоски досега има повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство, во Унгарија, Австрија, Словенија, Хрватска.

Во рамките на културното лето, синоќа пред прилепската публика на камената бина на плоштадот „Александрија“ концерт одржаа Културно-уметничките друштва „Анка Ошпух“ од Лудбрег, Хрватска и „Мирче Ацев“ од Прилеп. Се претставија со хрватски и македонски песни и ора.

You May Also Like